Во дербито на 20. коло во Првата македонска фудбалска лига, Силекс го совлада Шкупи со 2:1 и го оневозможи шампионот да избие на првото место на табелата.
Кратовци по првиот дел водеа со 2:0, а стрелци на погодоците беа Стефан Милосављевиќ во четвртата и Марко Ѓорѓиевски во 30. минута.
Во продолжението Шкупи го постигна единствениот гол кој беше дело на Мамаду Данфа во 57. минута од натпреварот.
Брегалница стигна до победа на гостувањето во Скопје откако во Маџари попладнево славеше над Работнички со 1:0, а единствениот гол го постигна Иван Николов уште во 4. минута.
Еден гол и тоа на Ералдо Синари во 61. минута и беше доволен на Шкендија да слави во соочувањето со Победа.
Мрежите мируваа само на стадионот Железарница каде Скопје беше домаќин на натпреварот против Тиквеш.
ФОТО: Игор Паневски
