Спорт Фудбал

Тирам понуден на Барселона

Францускиот репрезентативец, Маркус Тирам летово ќе има статус на слободен играч и се очекува да биде една од ѕвездите на летниот преоден рок.

За синот на поранешниот член на француската репрезентација, Лилијан интерес покажуваат најголемите клубови од Европа.

Маркус кој во моментов го носи дресот на Борусија Менхенгладбах не сака да го продолжи договорот и со оглед на фактот дека тој во јуни е слободен играч може уште сега да преговара за трансферот што би се реализирал во текот на летото.

До овој момент интерес за Тирам покажаа Манчестер Јунајтед, Челзи и Њукасл, но според пишувањето на медиумите во Германија, неговиот менаџер веќе имал разговори со Барселона.

Најголем проблем во моментов за Каталонците е фактот што за да се исполнат условите за финансискиот фер плеј во Шпанија, Барселона мора да го ослободи буџетот за плати за сума од 200 милиони евра па дури потоа ќе добие дозвола да регистрира играчи за следната сезона.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе