Спорт Фудбал

Четири засилувања за средниот ред на Ливерпул

Лошите резултати во досегашниот тек од сезоната и проблемите со играчкиот кадар со кој се соочува менаџерот Јирген Клоп го принудија раководството на Ливерпул за летниот преоден рок да обезбеди голем буџет за засилувања на екипата.

Клубот од Енфилд покрај нови имиња во дефанзивата ќе се обиде да го засили и средниот ред, а на листата на потенцијални кандидати за трансфер се четири имиња.

Приоритет за Ливерпул е ангажирањето на еден од најталентираните фудбалери во Европа, Џад Белингам за кој Борусија Дортмунд бара обештетување од 150 милиони евра, потоа како потенцијално засилување се потенцира Матуеш Нуњез од Вулверхемптон, 21-годишниот Еквадорец, Моисес Каиседо од Брајтон кој се проценува на 80 милиони и еден од клучните играчи во средниот ред на Интер, Николо Барела.

За првите тројца конкуренцијата за комплетирањето на трансферите е жестока и сигурно дека ќе мора да се издвои голема сума додека вредноста на Барела е уште поголема. Тој со Интер има договор до 2024 година, а откупната клаузула изнесува 155 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе