Спорт Фудбал

Тричковски игра против Вест Хем, Лацио со АЗ Алкмар

Познати се и осминафиналните двојки во третото по ранг европско клупско натпреварување во фудбал.

Нашиот репрезентативец Иван Тричковски кој го носи дресот на АЕК Ларнака во второто елиминациско коло од Конфеенциската лига ќе се соочи со Вест Хем.

Лацио, кој важи за еден од фаворитите за трофејот во осминафиналето ќе се сретне со АЗ Алкмар додека Андерлехт за противник го доби Вилјареал.

Вториот претставник од Белгија, Гент ќе се сретне со Бахчешехир додека противник од Турција доби и Фиорентина која е домаќин во првиот дуел со Сиваспор.

Првите натпревари се играат на седми следниот месец, а реваншите се седум дена подоцна.

 

ФУДБАЛ – КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА

ОСМИНАФИНАЛЕ

АЕК ЛАРНАКА – ВЕСТ ХЕМ

ФИОРЕНТИНА – СИВАСПОР

ЛАЦИО – АЗ АЛКМАР

ЛЕХ – ДЈУРГАРДЕН

БАЗЕЛ – СЛОВАН БРАТИСЛАВА

ШЕРИФ – НИЦА

АНДЕРЛЕХТ – ВИЛЈАРЕАЛ

ГЕНТ – БАХЧЕШЕХИР

 

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе