Евертон до крајот на сезоната го чека жестока битка за опстанок во Премиер лигата, но клубот од Ливерпул сепак успеа да го убеди репрезентативниот голман Џордан Пикфорд да ја продолжи верноста на дополнителни четири и пол години.
Актуелната соработка важи во следниве 18 месеци што значи дека Пикфорд се обврза да остане на Гудисон парк до 2029 година.
“Откако дојдов во Евертон на 22 години, клубот ми даде огромна поддршка и тоа многу ми значи. Среќен сум што и натаму ќе бидам дел од клубот и дека во иднина сите заедно напорно ќе работиме да постигнуваме што е можно подобри резултати”, изјави Пикфорд.
Дваесет и осум годишниот чувар на мрежата во изминативе пет и пол години за Евертон има 202 настапи, а во дресот со националниот грб има 50 натпревари.
ФОТО: Игор Паневски
