Култура

Актерката Маја Вељковиќ- Пановска е нова в.д. директорка на Драмски театар

Актерката Маја Вељковиќ Пановска е нов в.д. директор на НУ Драмски театар Скопје. Таа доаѓа
на местото на досегашната директорка Катарина Коцевска Хаџи Василева која се повлекува од
лични причини, се вели во соопштението испратено од Драмски театар.

Колективот на Драмски театар изразува благодарност на досегашната директорка Катарина
Коцевска – Хаџи Василева, која од вработувањето во 1983 година е член на ансамблот на
Драмски театар Скопје.

Маја Вељковиќ Пановска дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во
Скопје во 1993 година. По дипломирањето реализира повеќе улоги на сцените на повеќе
театри низ Македонија. Од 1999 година е вработена во Драмски театар Скопје.
Со своето богато професионално искуство, Маја Вељковиќ Пановска несомнено ќе даде
значителен придонес во реализацијата на програмата за работа и унапредување на
театарската дејност во националната установа.
Од театрографијата на Маја Вељковиќ Пановска ги издвојуваме улогите на: Антонина
(Земјомерот, 2000); Јованка Орлеанска (Јованка Орлеанска, 2000); Марија (Војцек, 2001); Маре
(Тетовирани души, 2002); Елена (Сон на летната ноќ, 2001); Порција/ Полониј/ Гертруда/
Првата вештерка (Собрани дела Шекспир,2002); Првата пчела (Како се станува цар, 2003);
Паднатиот ангел (Марисол, 2004); Мартирио (Домот на Бернарда Алба, 2004); Фроса (Кино
љубов, 2007); Јелена (Комшилук наопаку, 2007); Мими (Грев или шприцер, 2011); Емилија
(Баал, 2012); Младата сопруга (Вртелешка, 2012); Евридика (Евридика, 2013); Секула (Солунски
патрдии, 2013); Елена (Љубовници, 2015); Фонсија Дорси (Партија реми, 2018) ; Јоана Дорек
(Чудесна терапија, 2019); Газдарицата (Птица со главата меѓу нозе, 2021).
Во филмографија се забележени улогите на: Последниот фалцер (2000); Големата вода (2004);
Бардо (2012); Незрели цреши (2015).
Маја Вељковиќ Пановска е добитник на наградите: Награда Трајко Чоревски за најдобар млад
актер на за улогата на Жената во претставата „Духот на лименката” на Македонскиот
Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински “ (Прилеп, 1999); Награда за епизодна улога Димче
Трајковски за улогата на Маре во претставата „Тетовирани души“ на МТФ „Војдан
Чернодрински” (Прилеп, 2002) и други, се вели во соопштението од Драмски театар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе