По завршувањето на сезоната Барселона ќе остане без капитенот Серхио Бускетс и во следниов период раководството на Каталонците ќе мора да бара замена за еден од клучните играчи во средниот ред.
Во последно време често се говореше дека прв кандидат е португалскиот репрезентативец од Вулверхмептон, Рубен Невеш, но деновиве медиумите во Шпанија пишуваат дека приоритет во преговорите има членот на националниот тим и играч на Манчестер Сити, Родри.
Сепак желбата на претседателот Жоан Лапорта и тренерот Чави тешко ќе се реализира со оглед на фактот дека 26 годишниот репрезентативец на Шпанија со првакот на Англија има договор до 2027 година, а висината на откупната клаузула е 170 милиони евра што е скоро тројно повеќе во однос на Португалецот.
Неофицијално Барселона има повеќе шанси да доведе други двајца играчи на Манчестер Сити. Илкај Гундоган е слободен играч и тој може да дојде на Камп Ноу без обештетување, а второто име за кое се заинтересирани Каталонците е Бернардо Силва, кој исто така сака да си замине од Англија.
ФОТО: Игор Паневски
