Денеска се комплетира второто коло во машката ракометна Супер лига, а дербито се игра во Битола каде Еурофарм Пелистер го пречекува Алкалоид, а почетокот е закажан за 17 часот.
Вториот состав на Битолчани вечерва гостува во Скопје каде ќе се сретне со Бутел, а натпреварот стартува во 18 часот.
Половина час подоцна почнува и последниот дуел од второто коло во кој Пролет е домаќин на Тиквеш.
Вчера во првиот натпревар Вардар како гостин го совлада Охрид со 26:23 и ја забележа втората победа во Супер лигата.
ФОТО: Игор Паневски
