Според неофицијални информации Нејмар по завршувањето на сезоната дефинитивно ќе си замине од Пари Сен Жермен, а како главна причина се наведува расправијата со спортскиот директор Луис Кампос по елиминацијата во Купот од Олимпик Марсеј.
Договорот на Нејмар со францускиот шампион завршува во 2025 година, но клубот од престолнината е подготвен за предвремен раскин, а идниот клуб на Бразилецот мора да плати обештетување меѓу 90 и 100 милиони евра.
Неофицијално најзаинтересиран за ангажирање на Нејмар е Челзи кој би сакал да го види во своите редови, а во трката се очекува да се вклучат Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Њукасл.
ФОТО: Игор Паневски
