Мејсон Маунт ќе биде една од ѕвездите на летниот преоден рок на Островот. Англискиот репрезентативец со Челзи има договор до 2024 година, но тој по се изгледа на крајот од сезоната ќе го напушти Стемфорд бриџ.
Иднината на Маунт во Челзи е доведена во прашање бидејќи преговорите за продолжување на соработката не може да се договори за финансиските услови и тоа ќе биде клучниот момент поради кој 24-годишниот фудбалер сака да си замине.
Во моментов тој неделно заработува 80.000 фунти и во преговорите бара тројно зголемување на сумата, но очигледно поради големите трошоци челниците на Челзи не се во состојба да го исполнат овој услов.
Листата на клубови заинтересирани за Маунт е долга. По Манчестер Јунајтед се очекува во трката да се вклучи пред се Ливерпул, но тука е и Манчестер Сити, но и градскиот ривал Арсенал.
Откупната клаузула во договорот кој завршува за 18 месеци изнесува 95 милиони евра, но се чини дека доколку тој дефинитивно реши да си замине сумата ќе се преполови и токму затоа Маунт е еден од најпривлечните фудбалери на летниот трансфер пазар.
ФОТО: Игор Паневски
