Барселона и покрај катастрофалната финансиска ситуација во изминативе месеци успеа да формира тим кој во досегашниот тек од сезоната игра одлично во Ла Лига и е на прагот повторно да се врати на тронот во шпанскиот фудбал.
Првиот човек на Каталонците, Жоан Лапорта и тренерот Чави веќе ги почнаа подготовките за претстојниот, летен преоден рок во кој според нивните планови потребно е да се ангажираат пет нови имиња кои би ги пополниле празнините во екипата.
Намерата е во текот на следниот трансфер период да се доведат пет фудбалери, а како приоритет се засилувања во сите линии на тимот.
Првото засилување е на централната дефанзивна позиција и тоа на местото лев стопер, а меѓу потенцијалните кандидати за преселна на Камп Нои се споменуваат Ињиго Мартинез и Еван Н’Дика.
Чави бара и ново име на десната бековска позиција и прв на листата на желби е Бенжаман Павар од Баерн додека пожестока е конкуренцијата за местото на дефанзивен играч во средниот ред.
Прва опција е Илкај Гундоган од Манчестер Сити, а тука е и Н’Голо Канте. И двајцата ќе имаат статус на слободни играчи што значи дека помали шанси има Јури Тилеманс од Лестер.
За нападот се предвидуваат две засилувања кои ќе ја пополнат празнината со заминувањето на Мемфис Депај, но фактот дека на крајот од сезоната екипата може да ја напуштат Феран Торес и Ансу Фати.
Како прва опција се смета Јаник Караско од Атлетико Мадрид, но се чини дека изборот ќе зависи и од понудата на трансфер пазарот.
Сепак за реализација на желбите на челниците на клубот потребно е дополнително санирање на финансиската состојба, а примарно ќе биде намалувањето на буџетот за плати за да се исполнат условите од финансискиот фер плеј и дозволата регистрација на новите играчи.
ФОТО: Игор Паневски
