Култура

ДПМ: Отсуството на поддршка од Министерството за култура е спротивно на националниот интерес

Не стивнуваат реакциите по објавените резултати од годишните конкурси на Министерството за култура, за поддршка на проекти од национален интерес во културата. По првично искажаното незадоволство околу критериумите за распределба на средствата во издавачката дејност, Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија одржа вонреден пленум на кој беше констатирано дека е скандалозно отсуството на адекватна подршката во оваа дејност.

– Неприфатливо, скандалозно и спротивно на националниот интерес во Годишната програма да не се издвојат средства за годишните награди на ДПМ: „Димитар Митрев“, „Ацо Шопов“, „Стале Попов“ и „Ванчо Николески“. ДПМ се залага за почитување на приоритетите во културата, а книжевните награди кои ги носат имињата на нашите писатели – стожерници, несомнено се еден од тие врвни приоритети во доменот на книжевноста и културата. Тие се наши великани, основоположници и меѓници, чии што имиња и дела се вградени во темелите на идентитетот, јазикот и македонската литература, се вели во реакцијата на ДПМ.

Од таму реагираат и дека е неприфатливо одбивањето да се финансира манифестацијата „Празник на липите“, која го промовира дијалогот меѓу македонската и светската поезија.

Во интерес на транспарентноста и одговорноста при распределбата на буџетските средства, писателската асоцијација предлага преку интернет страницата на Министерствтото за култура на јавноста да ѝ биде достапен списокот на сите предложени книги за објавување, а не само имињата и насловите на избраните проекти.

Со отсуството на поддршка во Годинешната програма, дејноста на ДПМ оваа година е доведена во прашање, но како што рекоа од таму, нема да дозволат најстарата, најрепрезентативната и најмасовната писателска асоцијација, која постои и опстојува цели 76 години, да не го продолжи својот нагорен пат, кој е во неразделна врска со националните интереси.

Вчера на брифинг министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска не одговори дали ќе го ревидира делот од програмата што се однесува на издавачката дејност, како што побараа од Асоцијацијата на издавачи, туку апелираше тие што се чувствуваат оштетени да поднесат жалби до Второстепената комисија во рок од 15 дена по добивањето на решенијата. Според министерката, парите за проекти во сите дејности од културата за оваа година се во висина од 12, 6 милиони евра и дека комисијата за издавачка дејност ги поделила адекватно средствата со кои располагала.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе