Култура

„ Аудиција сега“ бараат еднакви можности за работа на невработени драмски уметници

Млади невработени актери, режисери и други театарски уметници, реагираат за резултатите од годишниот конкурс на Министерството за култура, за подршка на драмската уметност. Нивната реакција поврзана и со Законот за извршување на буџетот за 2023 година, ја пренесуваме во целост.
Годинава, целокупниот буџет доделен во рамки на Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес е за 15% помал од минатата година. Како и сите досегашни години, буџетот доделен на другите корисници (чинители на независната сцена) е значително помал од буџетот доделен на националните установи. Нашето петто барање, кое се однесува на критериумите и приоритетите врз чија основа ќе се врши оценка на проектите за Другите корисници е делумно исполнето. Нашето четврто барање, во рамки на кое бараме да се донесе Одлука од страна на Министерството со која националните установи и центрите за култура ќе ангажираат по еден невработен режисер годишно во рамките на програмата која ќе ја аплицираат, не е исполнето во целост. Имено, на дел од нашите невработени режисери, не им беше овозможено да аплицираат во рамки на програмите на институциите, во јуни минатата година, затоа што истите програми биле „веќе изготвени“. Останува да видиме дали ќе се ангажира по минимум еден/една невработен/а актер/ка (по пат на отворен кастинг) за секоја театарска претстава, која е одобрена во рамки на Годишната програма на институциите. Го цениме јавниот повик за аудиција објавен од страна на Драмски Театар – Скопје и искрено се надеваме дека ова ќе ги натера и другите театри да отворат јавни повици за аудиции, иако, не можеме, а да не се сомневаме дека истите ќе бидат успешно отворени, со оглед на тоа што знаеме дека минимум 70% од театарите немаат предвидено ваков хонорарен ангажман во рамките на буџетите кои ги поднеле како дел од програмите.
Дополнително, не можеме да си го објасниме известувањето кое е пуштено до националните институции во културата за нови вработувања кое вели дека истите можат да се случат само по основ на испразнети работни места во 2023 година (пензионирање, отказ, смрт и друго). Ние сме зачудени и изиграни, поради оваа остра одлука. Нам не ни е јасно, кој беше планот за реализација на нашите барања кои беа одобрени. Како беше возможно да се оформат три нови институции во културата, а сега исклучиво да мора да чекаме некој да се пензионира или да почине за да добиеме можност за вработување? Кога сме веќе тука, што се случува со пензионирањата на дел од нашите колеги во текот на изминатите неколку години?
Два месеци пред истекот на 2022 година бараме средба со Министерката, ветено ни е дека истата ќе се случи веднаш по објавување на резултатите од Годишните конкурси.
Бараме итно и системско решение на проблемот со невработените театарџии.
Сменете го функционирањето на институциите какви што ги знаеме и дајте ни еднаква шанса на сите!
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе