Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Владеачка коалиција без Демократски сојуз, Зоран Димитровски си поднесе оставка

Министерството за локална самоуправа останува без заменик министер. Зоран Димитровски си поднесе оставка, во согласност со партиската одлука за напуштање на владеачката коалиција. Премиерот Димитар Ковачевски смета дека повлекувањето на Демократскиот сојуз (ДС) нема да ја наруши силината и стабилноста на владеачкото мнозинство. Очекува да го сочуваат европскиот пат.

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски се надева дека овој парламентарен состав наскоро ќе го заврши мандатот и ќе се распишат брзи предвремени избори. Го повика владеачкото мнозинство да не дозволи Али Ахмети и Еди Рама да ја составуваат Владата и да ја водат земјата во пропаст.

Пред гласањето за реконструкција, помалите партии и независни пратеници заземаат позиции. На прашањето дали остануваат во власта, од ДОМ за Телма велат дека во тек е внатрепартиска дебата во органите на партијата, по што ќе донесат одлука. Скендер Реџепи Зејд, кој ја напушти „Алтернатива“ и стана независен пратеник, останува во владеачкото мнозинство, ќе гласа за разрешување на Беким Сали, но не и на другите министри и заменици од „Алтернатива“.

Демократскиот сојуз синоќа соопшти дека оди во опозиција бидејќи не се остваруваат неговите програмски определби за една изборна единица, ревизија на судската работа и борба против корупцијата.

Соња Николовска

„Во врска со нападите од премиерот Димитар Ковачевски, нагласувам дека во текот на вчерашниот ден гласав за повеќе закони и одлуки, но имаше паузи, при што присутното мнозинство пред да влезам во салата каде се одржуваше седницата го гласале и Договорот со ФРОНТЕКС, кој целосно го поддржувам. Инаку, околу моето наводно заложништво кон Левица, тоа е ниско ниво на “комуникација” и на ист начин можам да изјавам дека “се надевам дека господинот Ковачевски не е и нема и понатаму да биде заложник на водството на ДУИ”. Како и досега, немам намера никого да дискредитирам, но подготвен сум да учествувам во сите расправи поврзани со витални прашања битни за граѓаните и државата“, реагираше Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД донираа ново мобилно опертивно возило за Црвен крст за справување со кризи

Дејан Дејан

Комората на трговци незадоволна од скалестата маржа, бара нова средба со Владата

Дејан Дејан

Проектите на пауза, поддршката од УСАИД на ревизија – амбасадорката Агелер вели „тука сме, САД не заминуваат“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе