Њукасл во текот на летниот преоден рок ќе се обиде да формира екипа која во следната сезона ќе биде конкурентна во трката за шампионската титула во Премиер лигата.
Како прва опција за засилување на тимот е српскиот репрезентативец Стефан Милинковиќ-Савиќ кој во моментов го носи дресот на Лацио.
Ова ќе биде втор обид на Њукасл да го доведе Србинот во своите редови откако претходно Лацио ја одби понудата од 60 милиони евра и инсистира на обештетување од 100 милиони.
Според пишувањето на медиумите во Италија, Њукасл веќе имал контакт со менаџерот на Милинковиќ Савиќ кој начелно ја прифатил понудата за комплетирањето на трансферот според која српскиот репрезентативец ќе заработува 12 милиони фунти по сезона.
Договорот на Милинковиќ-Савиќ со Лацио важи до 2024 година.
ФОТО: Игор Паневски
