Со оглед на фактот дека Давид де Хеа на крајот од сезоната ќе има статус на слободен играч, а во моментов е далеку од продолжување на соработката, Манчестер Јунајтед во текот на летниот преоден рок ќе се обиде да ангажира засилување на голманската позиција.
Прв на листата на кандидати за преселба на Олд Трафоед е репрезентативецот на Португалија, Диого Коста кој неодамна со Порто го продолжи договорот до 2026 година со откупна клаузула од 75 милиони евра.
Скаути на Манчестер Јунајтед веќе подолго време ги следат настапите на 22-годишниот чувар на мрежата и се чини дека тој е најдобрата опција за Ерик Тен Хаг во реализација на идејата за формирање на тим кој во иднина ќе се бори за шампионската титула.
ФОТО: Игор Паневски
