Спорт Фудбал

Манчини загрижен за формата на напаѓачите, само двајца Италијанци меѓу десетте најдобри стрелци во Серија А

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини во пресрет на почетокот на квалификациите за Европското првенство го загрижува фактот што во националното првенство само двајца домашни играчи се меѓу десетте најдобри стрелци.

“Во минатото имавме проблеми со дефанзивци и играчи од средниот ред. Сега е многу тешко да се најде класичен напаѓач. Младите фудбалери ако не можат да изборат место во клубовите од Серија А, мора да заминат надвор од Италија”, изјави Манчини.

Серија А е единствениот шампионат од петте најсилни лиги во Европа каде домашните стрелци се во втор план.

Лидер на листата е Виктор Осимен од Наполи со 16 погодоци, четири помалку има неговиот  сонародник од Нигерија и член на Аталанта, Адемола Лукман, а идентичен број на погодоци има и Лаутаро Мартинез од Интер.

Италијански фудбалер нема ниту меѓу шесте најдобри бидејќи следуваат М’Бала Нзола од Специја, Австриецот, Марко Арнаутовиќ кој настапува за Болиња и Португалецот во дресот на Милан, Рафаел Леао.

Првиот домашен фудбалер на оваа листа е Матија Закањи од Лацио кој е десетти со осум гола, еден повеќе од тимскиот колега Чиро Имобиле и тоа се сите Италијанци кои се наоѓаат меѓу 20-те најефикасни во Серија А.

Италијанската јавност врши притисок во националниот тим да се повика Виченцо Грифо кој во дресот на Фрајбург постигнал девет гола како напаѓачот на Стеауа, Андреа Кампања кој со 14 гола всушнот е најпродуктивниот Италијанец во некоја од лигите во Европа.

Италија е дел од квалификациската група во која покрај Англија, Украина и Малта настапува репрезентацијата на Македонија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе