Спорт Фудбал

Барселона и Реал исклучени од преговорите за ТВ права

ФИФА и УЕФА се уште не реагираа на последната најава за организација на Супер лигата. Еден од најголемите противници на ова натпреварување, првиот човек на Ла Лига го повлече првиот потег.

Иако се уште нема официјална потврда Хавиер Тебас со своите соработници донел одлука да ги исклучи Реал Мадрид и Барселона од преговорите за продажбата на телевизиските права на неодреден период.

Во Ла Лига во моментов се водат разговори за сумите кои ќе се инкасираат по оваа ставка, но и поделбата на парите меѓу клубовите. Со оглед дека најбогатите во Шпанскиот шампионат се уште не се откажале од намерата за организација на Супер лигата, Тебас и Ла Лига решија Барселона и Реал Мадрид да бидат надвор од преговорите каде се разгледуваат опциите за зголемување на сумите од најмалку 10 проценти за домашните и 25 за странските телевизии.

Тебас реагираше и со објава на Твитер користејќи споредба со бајката за Црвенкапа во која Супер лигата е волкот кој ќе се обиде да ги заплаши сите останати само да ја исполни целта, а тоа огромен профит за богатите и минимални суми за посиромашните клубови.

Против планот застана и асоцијациите на националните шампионати во која членуваат 1902 клуба од 34 земји во Европа потенцирајќи дека нема потреба од воскреснување на идеја која одамна е закопана и дека во ниту еден момент претставници на компанијата А22 не разговарале со претствници од ова здружение.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе