Кога пред две години се појави идејата за организирање на Супер лигата, првиот кои го кренаат својот глас против беа навивачите во Англија.
Обновениот план за елитното натпреварување повторно предизвика реакција кај навивачите на Островот кои и во 2021-та имаа клучна улога во одлуката клубовите од Англија да се повлечат од членството.
Денеска со официјална реакција излегоа навивачките асоцијации на Англија и Велс кои денешната идеја ја окарактеризираа како Зомби кој повторно се врати во реалноста.
Тие најавија нови уште пожестоки протести кои ќе извршат притисок врз клубовите во Англија тие да не помислуваат да се приклучат кон планот и дека се подготвени дури и да ги бојкотираат натпреварите на клубовите во домашното првенство.
ФОТО: Игор Паневски
