Спорт Фудбал

Тотенхем осум недели без голманот Лорис

Првиот голмански избор во составот на Тотенхем, Иго Лорис поради повреда на коленото ќе мора да паузира шест до осум недели.

Капитенот на лондонскиот прволигаш се повреди за време дербито против Манчестер Сити кое Тотенхем го реши во своја полза со 1:0 и тоа по судирот со противничкиот фудбалер Родри.

Веднаш по натпреварот лекарите не беа оптимисти околу состојбата со повредата, а тоа се потврди по деталните прегледи по кои е констатирано дека станува збор за сериозен проблем со лигаментите на коленото, но се уште постои надеж дека за негово санирање нема да биде потребен хируршки зафат што може дополнително да ја компликува ситуацијата.

Ова е сериозен удар за составот на Антонио Конте кој во овој период го очекуваат дуелите во Лигата на шампионите со Милан како и многу важни мечеви во Премиер лигата каде Тотенхем се бори за влез во елитното натпреварување за следната сезона.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе