Вести Култура

Комеморација за Милан Завков – минута музика, наместо минута молк за збогум со македонскиот виртуоз на хармоника

Наместо со минута молчење, со минута музика, семејството, колегите и пријателите се збогуваа со  виртуозот на хармоника и големиот промотор на македонската изворна музика, маестро Милан Завков, врвен инструменталист и композитор, првенец на „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот кој почина ненадејно во 61-та година од животот. Улогата на Завков во „Танец“, беше повеќе од престиж, таму се искачуваат најдобрите, рече директорот на „Танец“, Мартин Вучиќ на Комеморацијата во чест на Завков .

Милан Завков остави трајни вредности во ансамблот „Танец“ и неизбришливи спомени. Неговиот знак за почеток на концертите и неговиот препознатлив ракопис во музичките партитури. Ликот на Завков кого верната публика го поистоветуваше со виртуозноста на „Танец“ и македонската музичка култура во целост никогаш нема да бидат заборавени, забележа Вучиќ .

„Во „Танец“ секоја позиција е престижна, но прва хармоника и раководител на најелитниот народен оркестар во земјава е повеќе од престиж. Таму се искачуваат најдобрите, таму опстојуваат најодговорните“, изјави Мартин Вучиќ, директор на „Танец“.

Ваквите луѓе едноставно треба да ги знаеш, да им ја почувствуваш духовноста и енергијата, забележа Либрински.

„Многу генерации  Македонци ќе воспитува, многу среќни и несреќни љубови ќе се пронајдат во неговите песни, многу играорци ќе ги искршат даските на сцените низ светот играјќи на неговите безвременски композиции, многу вода ќе протече низ Вардар потсетувајќи на нашиот Милан“, рече Сашо Либрински од Здружението на естрадни уметници на Македонија. 

Врвен композитор и аранжер, неповторлив виртуоз на хармоника.

„На сцената секогаш кога бевме по светов на концерти, го гледав исправен со хармониката, сигурен и таа сигурност ја пренесуваше на сите околу. Тој ја доживуваше секоја нота, секој чекор на играорците, влегуваше во душата на секој интерпретатор. Македонија изгуби виртуоз од светски рамки“, истакна Сузана Спасовска, вокален солист во ансамблот „Танец“

Милан Завков на сцената има соработувано со многу имиња, а зад него ќе останат над 150 авторски творби, многу трајни снимки и повеќе дискографски изданија.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Халеви: Иран ќе се соочи со последици за нападот

Дејан Дејан

Во Хрватска предизборен молк пред парламентарните избори

Дејан Дејан

Долниот дом на амриканскиот Конгрес посебно ќе гласа за помош за Израел и Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе