Вести Култура

Десетина луѓе во институциите за култура останаа без работа, откако не им беа продолжени договорите

Дописот кој го испрати Министерството за култура до институциите кои се под негова надлежност и се однесува на вработувањата без оглед дали се работи за неопределено, за определено време, договори на дело и слично има многу небулози реагираат од СКРМ. Спорни се неколку аспекти, вели Атанасовска.

Вработувањата во културата ќе се случат само доколку има испразнети работни места и тоа по основ на пензионирање, смрт или отказ и тоа во 2023 година. Што е многу небулозно, затоа што знаеме дека во 2022 година голем број на вработени во културата отидоа во пензија кога се смени Законот за работни односи и сега не се пополнуваат тие испразнети места, туку наведуваат да се пополнат оние кои ќе се испразнат во 2023-та година, рече атанасовска.

Дописот до установите е испратен постапувајќи по Законот за извршување на Буџет, велат од Министерство за култура. Ќе има нови вработувања во оние институции кои имаат доволно средства. Во законот е детално опишана постапката  за нови вработувања, велат од надлежното министерство. Доколку имаме предвид дека во голем број институции кои се под Министерство за култура има ангажирано луѓе кои се на договор на дело и на кои им истекува договорот, што понатаму имајќи предвид дека истите тие се клучни за да функционира таа инстутиуција.

Е сега ние имаме информации дека во некои институции завршен е договорот на вработените на 31 декември и еве цел јануари и почеток на февруари вработените не знаат што е понатаму нивната судбина. Тие одат на работа, но никој не им кажува дали договорите ќе им бидат продолжени, вели атанасовска.

Министерот Бесими нити потврдува, ниту негира, но смета дека нема зголемување на вработени во државната администрација и јавниот сектор.

Соодветно заради функционалност на секоја институција како што било 2022 ќе продолжи, а нема да има зголемување во рамки на бројот што го има ангажирано и каде што има простор и одредени институции оди со сегмент на намалување каде што 80% на тие што отишле во пензија со нови работни места, така што ако треба дополнително ќе информирам. Но, принципиелно нема зголемување на број на администрација и обновување на тие што ги имаат за функционирање, тврди Бесими. 

Во меѓувреме Министерството за култура врши анализи за сите потребни параметри.

Од почетокот на годинава, работиме по новите табели од Министерството за финансии  кои  имаат прецизни побарувања. За комплетно пополнување на табеларните прегледи, Министерството за култура врши анализа на сите потребни параметри, соопштија од таму.

Според Министерството за култура постапката за ангажирање на лица со договори на дело  е посебна постапка и се работи за средства кои се исплаќаат по друга расходна ставка, не од ставката наменета за плати.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мемов: Граѓаните покажаа дека се државотворни, го избраа својот нов претседател

Дејан Дејан

Гордана Силјановска Давкова 61,98%, Стево Пендаровски 30,48% – ДИК со првични резултати за претседателските избори

Дејан Дејан

Меџити: Коалицијата Вреди е победник во албанскиот кампус, Али Ахмети е најголем губитник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе