Еден од најбараните дефанзивци на фудбалскиот пазар, Милан Шкринијар потврди дека по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Пари Сен Жермен.
Фудбалерот на Интер има право да стави потпис на пред договор со некој клуб со оглед на фактот дека во јуни ќе има статус на слободен играч.
Шкринијар веста за трансферот во француската престолнина ја потврди во изјава за еден словачки портал, но потенцираше дека постои можност тој да замине во Пари Сен Жермен и во последните денови од преодниот рок доколку двата клуба постигнат согласност за висината на обештетувањето.
Доколку двете страни не успеат да се договорат Шкринијар веќе од јуни ќе биде дел од францускиот шампион.
ФОТО: Игор Паневски
