Спорт Фудбал

Миовски остана без тренер, Абердин го отпушти Гудвин

Само 19 минути откако заврши дуелот во кој Абердин беше совладан од Хиберниан со 6:0, претседателот на клубот за кој настапува нашиот репрезентативец Бојан Миовски му врачи отказ на менаџерот Џим Гудвин.

Абердин во последните два натпревари во Шкотското првенство доживеа два убедливи порази во кои не постигна ниту еден, а прими 11 гола. Дополнителен проблем беше и елиминацијата во националниот куп од шестолигашот Дарвел.

“Веднаш по натпреварот се сретнав со Џим. Тој ми рече дека ова воопшто не е добро. Гудвин работеше одлично, но по завршувањето на Светското првенство резултатите беа неприфатливи за сите во клубот, посебно на гостувањата игравме очајно”, рече претседателот на клубот Дејв Кормак.

Абердин по паузата за Светското првенство има само една победа во осум натпревари од кои шест се порази. Токму поради овие резултати Гудвин по само една година од доаѓањето во клубот мораше да си замине.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе