Германската фудбалска федерација која е домаќин на претстојното Европско првенство објави дека на почетокот на подготовките на националниот тим ќе одиграат две контролни средби во март.
Репрезентацијата на Германија како домаќин нема да биде дел од квалификациите за континенталното првенство, а откако одби да се најде во некоја од групите во овој циклус, сама ќе ги избира противниците во следните година и половина.
Планот на селекторот Ханси Флик е да се одиграат 12 дуели, а први во низата се репрезентациите на Перу и Белгија.
Првиот натпревар против Перу ќе се одигра на 28 5 март во Мајнц, а три дена подоцна во Келн ќе биде пречекана селекцијата на Белгија.
ФОТО: Игор Паневски
