Спорт Фудбал

Дамфрис ќе се пресели во Премиер лигата

Според пишувањето на медиумите во Велика Британија, менаџерот на Дензел Дамфрис отпатувал за Англија каде во следниве денови ќе преговара со неколку клуба околу можноста неговиот клиент следното лето да се пресели на Островот.

Иако се уште нема официјална потврда најзаинтересиран за дефанзивецот на Интер е Манчестер Јунајтед, а веќе подолг период неговите настапи ги следат и претставници на Челзи.

Дамфрис со Интер има договор до 2025 година, а клубот од Џузепе Меаца за предвремен прекин на соработката ќе бара обештетување од 40 милиони евра и се најавува дека доколку некој од клубовите ја плати оваа сума Холанѓанецот може да си замине и во текот на јануарскиот преоден рок.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе