Во текот на 2022 година реализирани е рекорден број на трансфери на фудбалери во двата преодни рока.
Според извештајот за активноста на клубовите објавен од страна на ФИФА регистрирани се вкупно 71.002 трансфери од кои 20.209 на професионални играчи во машка конкуренција, 49.238 аматери и само 1.755 кај дамите.
Во извештајот се потенцира дека бројката на реализирани трансфери е зголемена за 11.6% и за прв пат во историјата е надмината бројката од 20.000 фудбалери. Во трансферите на играчите вклучени се 4770 клуба од 182 земји.
Во текот на двата преодни рока потрошени се вкупно 6,5 милијарди долари што е зголемување од 33,5 проценти во однос на претходната година, но е за 800 милиони помалку во однос на пред пандемиската 2019.
Најмногу пари на нови играчи или 2,2 милијарди што е повеќе од половина од вкупна сума вложени се од страна на клубовите во Премиер лигата додека најголема заработка бележат екипите од Франција кои од трансфери инкасирале 740,3 милиони долари.
ФОТО: Игор Паневски
