Спорт Фудбал

Ливерпул најголем фаворит за ангажирање на Белингам

Еден од најталентираните млади фудбалери во Европа, Џад Белингам се смета дека ќе биде најголемата ѕвезда на летниот преоден рок.

Деветнаесет годишниот репрезентативец на Англија по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Борусија Дортмунд, а идниот клуб на Белингам за предвремен раскин на договорот ќе мора да плати обештетување меѓу 100 и 150 милиони евра.

Интерес за Белингам во моментов покажуваат Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, а како најсериозен кандидат за негово ангажирање се смета Ливерпул.

Германските медиуми пишуваат дека Јирген Клоп инсистира тој летово да дојде на Енфилд, а како клучен момент во реализацијата на трансферот се очекува средбата со младиот Англичанец и обидот да го убеди дека токму преселбата во Ливерпул ќе биде вистинскиот потег во неговата кариера.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе