Вести Култура

Неизвесност во МКЦ откако в.д. директорот ги смени бравите

Отсуство на комуникација меѓу вработените и новиот в.д. директор, неизвесност и откажување на дел од програмските содржини , но и сменети брави на канцелариите на архивата и сметководството , додека трае ревизијата во организација на Град Скопје. Ваква е атмосферата деновиве во МКЦ, откако за в.д. директор е назначен Никола Алексов- лица за кое вработените велат дека не е компетентно да раководи со институцијата затоа што има диплома за детектив.

Светкаат новите брави на вратите од канцелариите на архивата и сметководство во МКЦ, откако по налог на новиот в.д. директор беа сменети. Додека трае ревизијата што започна на 20 јануари, клучевите се кај Алексов. Тој наутро ги отвора, а по завршување на работното време ги заклучува вратите. Од Програмскиот совет велат последниве години имале чести ревизии, инспекции и Финансиска полиција која ја чешлала документацијата, но никој не постапил како Алексов.

Никогаш до сега на вработените не им биле одземени клучевите од нивните сопствени канцеларии. Тие се во една неизвесност, се чувствуваат несигурно затоа што сепак одговараат за целата документација и не знаат во каква состојба ќе ја начекаат архивата кога ќе заврши ревизијата, изјави програмскиот директор на мкц, кирил мечалов.

Од Програмскиот совет велат дека не ги познаваат дел од лицата кои дошле за ревизија. Се сомневаат дека се неовластено присутни, но се жалат и дека под влијание на неизвесната атмосфера во МКЦ, дел од уметниците почнале да откажуваат настани.

Не им е пријатно, не знаат што се случува, не знаат дали ние воопшто имаме дозвола да работиме, не знаеме како да организираме. Ние воошто не сме се сретнале со директорот, рече мечалов.

Иако нашата екипа го сретна в.д. директорот, не добивме изјави за случувањата. Алексов кажа дека е зафатен со ревизијата и најави дека ќе не бара подоцна. До затворањето на прилогот, тоа не се случи. Ги побаравме и од Град Скопје, но останаа недостапни.

Алексов дојде на местото на в.д. директорот Богоев, кој беше разрешен од градоначалничката Арсовска зашто не потпиша решение за вработување на Бени Шакири. Вработените во МКЦ за случајот го информираа Хелсиншкиот комитет и претседателот Пендаровски, а се заинтересира и Антикорупциска. Во неделата се одржа музички собир во одбрана на МКЦ.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе