Спорт Фудбал

Сантош ја презема репрезентацијата на Полска

По неполн месец откако се повлече од селекторската функција во репрезентацијата на Португалија, Фернандо Сантош најде нов ангажман и во следните две години ќе го предводи полскиот национален тим.

“Од денеска јас сум Полјак. Јас сум еден од вас и чест ми е токму во оваа земја да ја продолжам кариерата”, изјави Сантош.

Португалскиот тренер на чело на репрезентацијата на Полска ќе биде до крајот на Европското првенство што ќе се одржи во 2024 година, а на новата функција доаѓа како наследник на Чеслав Михниевич кој доби отказ веднаш по завршувањето на Светскиот куп во Катар.

Фернандо Сантош осум години беше на чело на репрезентацијата на Португалија со која триумфираше на континенталниот шампионат во 2016 година, а пет години подоцна го освои трофејот во Лигата на нациите.

Соработката со Португалија ја прекина по елиминацијата во четвртфиналето од Мароко на последниот Мундијал.

Ова ќе биде втор пат во кариерата Фернандо Сантош да работи како селектор надвор од земјата откако во периодот од 2010 до 2014 година седеше на клупата на Грција.

Како тренер работел во Порто, Спортинг Лисабон, Бенфика, Панатинаикос, АЕК и ПАОК.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе