Барселона во последниве неколку месеци е во интензивна потрага за фудбалер кој го замени Серхио Бускетс кој најави дека на крајот од сезоната си заминува од Камп Ноу.
Во овој период постојано се лицитираше со имињата на играчите кои ќе пристигнат во Барселона, а како најсериозни кандидати се споменуваа Јури Тилеманс и Рубен Невеш.
Сепак според пишувањето на медиумите во Шпанија, изборот за наследник на шпанскиот репрезентативец е сосема неочекуван и се шпекулира дека најблиску до трансфер во Барселона е Дани Парехо.
Триесет и три годишниот Парехо има одлични настапи во Вилјареал, но се чини дека во оваа ситуација проблем околу реализацијата на трансферот е висината на обештетувањето.
Парехо со Вилјареал има договор до 2024 година, но откупната клаузула изнесува 88 милиони евра што е превисока сума за Каталонците кои се наоѓаат во голема финансиска криза.
ФОТО: Игор Паневски
