Спорт Фудбал

Кристијано го отпушти Мендеш зошто не му обезбедил трансфер во Европа

Кристијано Роналдо неодамна ја прекина соработката со менаџерот Жорж Мендеш со кој соработуваше уште од самиот почеток на кариерата.

Неколку недели по разделбата медиумите во Шпанија ги објавија причините поради кои долгата и богата соработка се прекина.

Откако остана без ангажман во Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо наводно од Мендеш прво му побарал да му обезбеди трансфер во Челзи или Баерн. Но, двата клуба веднаш јавно соопштија дека воопшто не се заинтересирани да го ангажираат.

Потоа под притисок на својот клиент, Мендеш тргнал во потрага по клуб во Европа, а се со цел да му ја исполни желбата. Тој го нудел Кристијано во Наполи, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен, но ниту еден немал намера го доведе во своите редови.

Кристијано Роналдо бил лут поради немоќта на Мендеш да му обезбеди ангажман во Европа, очигледно несвесен дека во залезот на кариерата не е пожелен во ниту еден клуб на Стариот континент целата вина ја префли врз неговиот менаџер и се реши за прекин на соработката.

На крајот се решава да потпише договор со Ал Наср каде во следниве две и пол години треба да инкасира рекордни 200 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе