Челзи во текот на јануарскиот преоден потроши 180 милиони евра на неколку засилувања, но во следниве денови ќе се обиде и да го задржи Тијаго Силва.
И покрај фактот што неодамна е ангажиран младиот Французин, Беноа Бадиашил, а конкуренцијата во централната дефанзивна линија е исклучително силна и во која се наоѓаат Калиду Кулибали, Весли Фофана и Тревох Шалоба и натаму во стартната постава е ветеранот Тијаго Силва.
Триесет и осум годишниот Бразилец со Челзи има договор до крајот на сезонава, а раководството на клубот најави дека наскоро ќе почне преговори за продолжување на соработката на најмалку уште 12 месеци.
Тијаго Силва во Челзи дојде од Пари Сен Жермен во 2020 година и во овој период одигра 105 натпревари и е еден од клучните играчи во дефанзивниот ред на тимот од Стемфорд Бриџ.
ФОТО: Игор Паневски
