Спорт Фудбал

Бугарите откажаа пријателски натпревар со ФК Скопје

Политичките и дипломатските тензии помеѓу Бугарија и Македонија се пренесоа и на спортските терени. Предвидениот пријателски фудбалски натпревар меѓу Пирин Благоевград и ФК Скопје, што требаше да се одигра во бугарскиот град е откажан поради страв од инциденти.

Фудбалскиот клуб Пирин веднаш го откажа закажаниот пријателски натпревар со скопскиот прволигаш, откако на социјалните мрежи се огласи навивачката група „Пирин Ултрас“. Тие утринава побараа од управата на клубот овој натпревар со ФК Скопје да не се одигра.

„Ние навивачите на Пирин стоиме зад Бугарите во РСМ во знак на солидарност и со оглед на репресијата на која се подложени, инсистираме на откажување на контролниот натпревар. Вето, санкции и тотално игнорирајте ги додека не научат да не почитуваат“, стоеше во соопштението на ултрасите. 

Клубот веднаш реагираше и го откажа мечот што требаше да се одигра утре на стадионот „Христо Ботев“ од страв да не се случи некаков инцидент и закажа нова средба со Марек Дупница.

Минатото лето фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров играше против ЦСКА Софија во рамки на Конференциската лига на УЕФА и на двата натпревари немаше никакви инциденти. Интересно е тоа што „лавовите“ на зимските подготовки во Анталија за противници имаат три бугарски тимови, па останува да видиме дали овие натпревари ќе се одиграат или повторно ќе реагираат бугарските навивачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе