Спорт Фудбал

Белингам го одби новиот договор со Борусија Дортмунд

Џад Белингам ја одбил најновата понуда за продолжување на договорот со Борусија Дортмунд што се толкува како најава дека англискиот репрезентативец на крајот од сезоната ќе побара трансфер во нов клуб.

Според германските медиуми Борусија на 19-годишниот репрезентативец на Англија му понудила продолжување на соработката според која тој би заработувал двојно повеќе, а во клубот би останал на подолг рок.

Белингам во моментов заработува 100.000 неделно, но и зголемувањето на платата за 100 проценти не е доволна тој да остане во Бундес лигата, а тој во моментов е на списокот на желби на три великани на европскиот фудбал кои се подготвени да платат далеку поголема сума која може да достигне и 220.000.

Интерес за Белингам во моментов покажуваат Реал Мадрид и Ливерпул, а како најголем фаворит во моментов се потенцира Манчестер Сити.

Иако Борусија Дортмунд се уште не ја објавила сумата која ќе биде доволна за предвремен раскин на договорот ќе бара обештетување од најмногу 150 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе