Вести Македонија

На земјава и се заканува епидемија од морбили алармираат лекарите

Лекарите алармираат на земјава и се заканува епидемија од морбили, доколку не порасни процентот на вакцинирани деца. Податоците за имунизирани деца до 12 месеци се далеку помалку во споредба од пред три години, кога и беше прогласена епидемија со мали сипаници.

Опфатот на вакцинација конкретно во Штип е нешто понизок кај првата доза која ја примаат дванаесетмесечни деца. Лекарите велат дека  дека родителите често ја одложуваат вакцинацијата, односно чекаат детето да прооди или да прозбори, па да ја прими вакцината. Коцева-Миланова забележува дека вообичаено родителите ги носта децата за вакцинација по втората година.

Здравствените власти сметаат дека  еден изолиран случај би можел да предизвика нарушување на епидемиолошката состојба во државата. Во соседна Србија веќе постои страв од прогласување на епидемија, а алармот го вклучи и Црна Гора. Во 2019 година првите случаи на морбили се појавија во градинка во Скопје, по што заразата по кратко време се прошири и низ останатите градови.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Стара куќа, обрасната со трева, или борова шума, ќе видиме што ќе биде приоритет

Sasko Dimovski

Судир на ставови за новата дозвола на „Титан УСЈЕ“ – граѓаните со критики, институциите во одбрана

Sasko Dimovski

Се прават пресеци, се гасне на земја и од воздух, една куќа во Бучиште изгоре, неколку се опожарени – беснеат пожари во Штип и Пробиштип

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе