Вести Економија Топ вести

ЕСМ својата струја  ја прoдава по багателна цена, а на истите фирми им плaќа милиони за набавка

Државните eлектрани ги продаваат вишоците на струја по багателна цена, во однос на она што е на берзата ХУПЕКС, каде што најчесто нашите институции ги следат цените за електричната енергија.  Според последниот извештај за периодот од 12-ти месецов до денеска, ЕСМ на компанијата ЕТМТ Енерџи ДООЕЛ Скопје им продава речиси 2.000 мегават часови по цена од 98 до 103 евра за мегават час.

Кога ЕСМ своите ноќни вишоци ги продавала на ЕТМТ, цената на берзата  во одредени  часови од периодот на продажба достигнувала и до 200 евра за мегава час.

Од  ЕСМ на прашањата на Телма колкава е разликата по час и по ден во сумата која ја наплатиле според договорот и онаа која била на берзата добивме одговор во кои е опишана порцедурата како е склучен договорот за продажба, но не и бараните финансиски детали.

На предметниот повик за ночните вишоци се пријавија пет фирми за купување на продуктот електирчна енергија од 02 до 08 часот. Пријавените дадоа понуди од 10 до 103 евра за мегават час. Договорот е склучен со фирмата која понуди највисока цена, велат од есм.

ЕСМ и ЕТМТ имаат соработка од претходно, бидејќи во периодот кога речиси сите капацитети беа или во дефект, или се сервисираа, ЕСМ на оваа компанија ѝ исплати милиони за набавка на електрична енергија за да ги надомести своите потреби.

Интересно е што за ЕСМ берзата ХУПЕКС е само обичен сајт, односно е од информативен карактер, иако во изминатиот период кога цената на берзите сериозно растеше и достигна и до 800 евра често пати надлежните се повикуваа на оваа берза.

ХУПЕКС дава индикативни цени за купопродажба на струјата кај нас и во регионот, пазарните услови се тие кои што ја диктираат цената за купување и продавање на слободниот пазар во секоја држава, велеа тогаш.

Инаку, ЕТМТ Енерџи е во сопственост на компанијата Енер Трејд од Албанија.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе