Вести Економија Топ вести

Цената на гасот во ЕУ падна на ниво од септември 2021

Цените на природниот гас во ЕУ паднаа на нивоа што не се забележани од септември 2021 година, покажуваат податоците на Лондонската интерконтинентална берза (ICE).

Цената на фјучерсите на гас за февруарската испорака во центарот TTF во Холандија падна за повеќе од 11% во понеделникот, односно на 645 долари за илјада кубни метри или 57,6 евра (62,3 долари) за мегават-час во домаќинството, пренесува RT.

Цената на гасот паѓа во услови на невообичаено топло време во Европа, што значително ја намали побарувачката за греење и ја намали загриженоста за нивото на складирање на енергијата.

Според здружението Gas Infrastructure Europe (GIE), повлекувањето на гас од складиштата на ЕУ на 14 јануари изнесувало 253 милиони кубни метри, што е најниско од 2012 година.

Во август минатата година ценате на гасот во Европа надмина 345 евра за мегават-час, главно поради загриженоста за снабдувањето од Русија, поради санкциите и техничките проблеми.

Со цел да се избегнат скокови на цените во иднина, минатиот месец, земјите од ЕУ воведоа oграничување на големопродажните цени на гасот од 180 евра за мегават-час, што ќе започне ако фјучерсите за гас се качат на повисоко ниво три последователни дена. Одлуката ќе стапи на сила на 15 февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел ја згасна Ал Џазира – заплена на техничката опрема, симнување од понудата на кабелските оператори и сателити, под блок и порталот на катарскиот медиум

Дејан Дејан

Владика Петар: Внимавајте за кого ќе гласате за да не се случи „слепец слепи да води“

Дејан Дејан

Македонија го одбележува 5 мај – Денот на македонскиот јазик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе