Вести Култура Свет

Почина Лиза Мари Присли, керката на Елвис Присли

На 54 годишна возраст почина единственото дете на легендата на рокенролот Елвис Присли, Лиза Мари Присли.

Според пишувањата на медиумите најверојатно причина за смртта е срцев удар откако претходно беше соопштено дека била пронајдена во бесознание во нејзиниот дом и итно била пренесена во болница.

Со тешко срце морам да ја споделам катастрофалната вест дека мојата прекрасна ќерка Лиза Мари нè остави, информира нејзината мајка Присила Присли.

Родена во 1968 година, Лиза Мари продолжи да ги следи стапките на нејзиниот татко и започна кариера во музиката.

Ѕвездата издаде три албуми, при што нејзиниот деби студиски албум од 2003 година беше продаден во стотици илјади примероци и доби генерално позитивни критики.

Ѕвездата беше добро позната и по серијата бракови од висок профил со поп легендата Мајкл Џексон, актерот Николас Кејџ и музичарите Дени Киу и Мајкл Локвуд. Имала четири деца, меѓу кои и актерката Рајли Киу. Синот на Присли, Бенџамин Киу, се самоуби во 2020 година.

Присли последен пат беше видена во јавноста во вторникот вечерта на доделувањето на Златните глобуси во Беверли Хилс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе