Вести Економија Топ вести

И без владина стратегија, странските компании сами го наоѓале патот до индустриските зони во земјава

На Владата не ѝ треба стратегија за привлекување на инвестиции. Странските компании сами го наоѓале патот до индустриските зони во земјава, а тоа го покажувале и бројките. Но, овој документ мора да постои, согласно законот на Влада, а сè уште не е донесен. Немањето стратегија и невклучувањето на активностите за привлекување инвеститори во приоритетите на Владата се едни од забелешките во најновиот извештај на државниот ревизор. Првиот човек на ТИРЗ, Деспотовски уверува – стратегијата ќе се донесе, иако лично смета дека нема потреба од тоа.

„Да, законот предвидува носење на стратегија. Во фаза сме на сериозни реформи на самиот систем. Иако, лично мислам дека не ни треба стретегија, имајќи предвид дека бројките покажуваат дека и ефектите се тука“, вели Јован Деспотовски директор на ТИРЗ.

Меѓу забелешките во извештајот на ревизорот и договорот за јавно приватно партнество кој ТИРЗ Тетово го има склучи со компанијата „Нормак“. Наместо на 35 години, колку што е зацртано во законот, тој е со период на важност од 96 години. Договорот е склучен во 2013-та година. Станува  збор за конзорциум составен од четири норвешки и една американска компанија. Од ТИРЗ тврдат договорот не може да се раскине, но може да се скрати.

Во извештајот на државниот ревизор има забелешки и за државната помош. Не се овозможува  целосен увид во вкупно доделената помош по корисник и истата се дава без проценка на исплатливост. Нотирано е дека основани се и зони кои не се функционални, а за кои се потрошени милиони. Дирекцијата има и 18 судски постапки, а во 12 предмети е тужена страна. Најголемите тужби против дирекцијата се за експропријација и тужителите бараат 2,7 милиони евра за имот кој бил искористен за слободните зони. Ревизијата е за периодот од 2015-та до 2021-та година.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе