Вести Економија Топ вести

Продолжуваат песимистичките прогнози за раст, Светска банка повторно ја намали проекцијата за македонската економија

Светска банка повторно ја намали прогнозата за раст на македонската економија за оваа година. Од 3,1 во јуни лани, ја намали на 2, 7 проценти во октомври. А сага банката прогнозира раст за годинава од само 2,4 проценти. Ова е далеку пониско од владините проекции во кои стои дека тој ќе биде 2,9 отсто, но приближно на оние на Народната Банка.

За Западен Балкан се предвидува раст од 2,5 отсто во 2023 година, наспроти првично проектираниот од 3,1 процент. Реформите за пристапувањето во ЕУ и инвестициите ги ублажуваат негативните ефекти од високите цени на енергијата и храната, како и нарушувањата на трговските и инвестициските текови и прелевањата од забавувањето во еврозоната. Сепак постои значителна политичка несигурност од парламентарни стопирања што би овозможиле доцнење на реформите и со тоа спречување на ефикасна апсорпција на поврзаните средства за Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, проценува светска банка.

За домашните експерти ваквото ревидирање на стапката од страна на банката е очекувано. Економиите на европските партнери на земјава слабеат, домашните фирми се воздржуваат од инвестиции, а сѐ уште е голема и неизвесноста за тоа што ќе се случува со руско-украинскиот конфликт. Сепак, според експертите, Владата се помалку ќе може да интервенира со средства од буџетот, затоа што државната каса е истрошена.

Освен на македонската, Светска банка ги ревидираше проекциите за раст и на останатите економии во регионот. Хрватска се очекува да испорача најлоши резултати годинава. А економиите на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ќе бидат подобри од домашната.

  • Хрватска 0,8 %
  • Бугарија 1,7  %
  • Албанија 2,2 %
  • Србија 2, 3 %
  • БИХ 2,5 %
  • Црна Гора 3,4 %
  • Косово 3,7 %

Во последниот извештај се посочува дека развиените економии и натаму ќе бидат на силен удар, кој пак ќе го почувствуваат и државите во развој. Главната причиина за тоа е продолжувањето на војната во Украина. Минатата година пак земјава ја заврши со најмал раст во регионот од скромни 2, 1 процент.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе