Вести Економија Топ вести

Нема да има поголеми поевтинувања на месото – производителите се децидни дека трошоците им се огромни

Што поевтини – поевтини, поголемо намалување на цените на производите не може и не треба да се очекува. Ова го порачуваат производителите од месната индустрија.

И просекот на досегашните намалувања се брои на прсти од рацете – околу 8% поевтиниле месните преработки на компанијата „Пекабеско“.

Токму оттаму и елаборираат зошто не треба да се очекува производите да бидат со пониски цени и подостапни на пазарот. Како фактори се споменуваат високите издатоци за работна рака како и цените на суровините.

Наспроти нив, надлежните се децидни дека простор за поевтинување сѐ уште постои, но не може да се укинат царинските давачки за увоз на замрзнато свинско.

  • „Тука има нафта, струја, суровини, репроматеријали и плати. Што да правиме ние?! Нека се намалат суровините и сите тие работи, па ние ќе ги намалиме цените,“ Слободан Кутревски – Директор на „Пекабеско“.

Надежи за поевтинувања кај властите има. Министерот за економија, Бектеши, смета дека има простор и за поголемо намалување.

  • „Во моментов цените се стабилизирани во споредба со цените коишто важеа во септември и октомври кога имаше нагло зголемување на цените на основните прехранбени производи. Ние не велиме дека ќе се вратиме на цените од пред една или две години, туку намалување ќе има на цените од септември и октомври, и тоа од 7 до 12% и веќе кај некои од производите има такво намалување“, Крешник Бектеши – Министер за економија.

Во изминатиот период властите неколкупати најавија дека цените пред празниците ќе се намалат и граѓаните ќе се растеретат од високи трошоци, поради тоа што дел од прехранбените компании добија субвенционирана струја. Цените во меѓувреме паднаа минимално, па дури и незначително. Тоа го покажаа мерењата на Статистика, според кои Македонија ја заврши 2022 година со високи стапки на инфлација од 14,2 проценти.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе