Вести Економија Македонија Топ вести

Избрана поевтина понуда- Ковачевски цврсто се држи до ова, иако пресметките покажуваат дека ЕСМ плаќа поскап гас

Премиерот Ковачевски  не прецизираше дали некој треба да сноси одговорност поради тоа што  одлуката на ЕСМ донесе поскап гас. Наместо одговор, тој ги повика сите трговци   со  овој енергенс во земјава дека можат да свикаат прес конференција и на истата да ги искажат своите ставови за активностите кои ги врши државата.

Инаку, ЕСМ парите кои ги троши за набавка на енерегенси во услови  на  криза се  од буџетот,  доделени како помош со владина одлука.

  • Секоја компанија која тргува со гас може да свика своја прес конференција и да ги искаже ставовови за било кој активности  кои се спроведуваат во  државата. Тоа е еден повик за сите кои се заинтересираниз а промоција на своите компании и нивните понуди  кои ги доствауваат до своите купувачи на нивните производи, рече Ковачевски

Ковачевски повтори дека  повикот  на ЕСМ за набака на гас за овој месец била избрана компанија која дала  најниска цен.

Сепак, пресметките на крајните цени покажуваат  дека државните електрани ќе платат над еден милион евра повеќе со вклучен ДДВ на бугарската Јутилитс  затоа што ја прифатија  нивната понуда со фиксна цена, а ја одбија онаа на домашната Макпетрол со променлива,  во завснисот од движењето на берзите. На ваквите рпесметки реагираа и од ЕСМ.

Од Регулаторна пак велат дека на  повиците за набвака и на гас и на струја  секој снабдувач сам одлучува какав понуда ќе достави.

Но од ЕСМ потенцираа дека  на новиот повик  оние кои ќе доставаат понуда со промелнива цена,  воопшто  нема да биде разгледана.

Од Владата посочија и дека од оваа година  се овозможува либералзиаицја на пазарот со гас, иако и досега околу 40 компании имаа лиценци  за тргување.

Инаку,  пред извесно време ЕСМ склучи договор  за снабдување со гас со  бугарската фирма Балкан Јутилитис, која во време на поевтинување на гасот даде  понуда со фиксна цена.

Од домашната Макпретол пак уште пред Нова  Година соопштија дека нивната понуда е со флексибилна цена,  токму поради  тоа што  сите параметри покажуваа поевтинување на гасот на  берзите.

Останува отворено  прашањето  која е гаранцијата дека компанија  со фиксна понуда  би го испорачала  потребниот гас,  ако  неговата цена на берзата се зголеми.

Изборот на ЕСМ, бугарскиот снабдувач со гас,  Балкан Јутилитис, две години работела со загуби.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе