Спорт Фудбал

Бешикташ најде замена, Вигхорст може да замине во Манчестер Ј.

Претседателот на Бешикташ Ахмед Нур Џеби за турските медиуми изјави дека клубот успеал да најде замена за Вут Вигхорст со што се исполни единствениот услов за негова преселба на Олд Трафорд.

Холандскиот репрезентативец во клубот од Истанбул дојде како позајмен играч од Барнли, кој исто така дал согласност тој да се пресели на Олд Трафорд.

Џеби не сакаше да го соопшти името на замената за Вигхорст, но според медиумите станува збор за Камерунецот, Винсент Абубакар кој најави заминување од Ал Наср бидејќи со доаѓањето на Кристијано Роналдо се очекува тој да го загуби местото во стартната постава на тимот од Саудиска Арабија.

Иако се уште нема официјална потврда трансферот на Вигхорст во Манчестер Јунајтед би требало да се реализира до крајот на неделава.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе