Вести Култура

Владата апсолутно нема намера да го укине колективниот договор, тврди министерката Костадиновска Стојчевска

Долго време се зборува, постојат стравувања, постојат индиции, дали фамозниот член 65 по кој само вработените во културата добија зголемување на платите е всушност трн во буџетските планови на владата? Сите синдикати се повикуваат на него и сега на различни начини, вклучително со, според едни, измените на Законот за култура, според други Законот за систем на плати во јавниот сектор, всушност владата се обидува да го поништи колективниот договор. Министерката негира и ја одбива перцепцијата во јавноста дека се прави некаков притисок.

Од првиот ден од кога сум јас министерка за култура, од првиот состанок со синдикатите, јасно им кажав дека ја тој колективен договор нема да го раскинам. Што значи дека нема да одам против вработените во сопствениот сектор и тој колективен закон да го раскинам, бидејќи се разбира дека тоа е право за кое што тие го добиле после 15 или 20 години, тврди министерката.

Иако министерката ја отфрла можноста колективниот договор да биде укинат, од синдикатот инсистираат дека во моментов се подготвуваат две законски решенија, чија цел е укинување на Членот 65.

Истиот тој колективен договор, кој е еден од најдобрите европски и светски колективни договори, на кој се повикува скоро цел јавен сектор во Македонија и надвор, и овој колективен договор е пример за тоа како со соработка меѓу синдикатите и министерството може да се направи нешто. И сега, истата таа влада која го потпишала бара било како начин да го раскине, обвини потпретседателот на СКРМ Ивица Димитриевиќ.

Според синдикатот, во законот за ситем на плати во јавниот сектор се предвидува запирање на растот на платите поврзан со покачувањето на минималната плата. Тоа, според претседателката на СКРМ Вера Атанасовска, значи укинување на колективниот договор.

Никаде во овој закон немаме определено како ќе растат платите, како синдикатот ќе биде вклучен во тоа договарање на висината на платите. Тука државата се поставува во позиција на максимална моќ над работниците. Значи државата е таа која што го определува бодот, Собранието поточно, Министерството за финансии ги кажува приоритетите, кој каква плата, какви додатоци на плата ќе земе, и дали има финансиски средства за тоа. Во истиот овој закон дури и додатоците на плата зависат од тоа дали има обебзедено финансиски средства, и доколку нема истите може да се добијат во наредната фискална година, вели Атанасовска.

Синдикатот критикува дека две години по потпишувањето на тој колективен договор во буџетот не биле испланирани средства за предвидените покачувања.

Ако веќе потпишувате колективен договор, и стоите цврсто зад тоа, вие уште во првата година ќе испланирате во буџетот покачување на платите на вработените, а не веќе третата година. Немојте сега да мешаме пандемиски години со некоја обврска, која без разлика дали е пандемија или не, треба да се заврши. Ако сте потпишале еден договор, според тој договор веќе следната година ќе треба да испланирате средства, реагира Димитриевиќ.

Според министерката Костадиновска Стојчевска колективнито договор бил потпишан во декември 2019 година, кога веќе бил изгласан во Собранието, но прашањето зошто наредната година не биле предвидени средствата во буџетот го упати синдикатот одговорот да го бара кај некој друг.

Мојата обврска како министер беше таа, да ги испланирам сите плати и издатоци за сектор култура, одговори таа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе