Спорт Фудбал

Симеоне го напушта Атлетико Мадрид по 11 неверојатно успешни сезони

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги информирал челниците на клубот дека сака да си замине по завршувањето на актуелната сезона. Аргентинецот сака нов предизвик во кариерата и побарал раскин на договорот една година порано.

Со доаѓанњето на Симеоне на клупата на Атлетико, дојдоа и успесите на клубот. Тој со „атлети“ финишираше во ТОП 4 во Ла Лига во сите целосни сезони како го води тимот. Освои две титули во Ла Лига, два пати стигна до финалето во Лигата на шампиони, освои две титули во Лигата на Европа, два Суперкупови на Европа, Копа дел Реј и шпански Суперкуп.

Поради сите овие успеси, Симеоне моментално е најплатениот тренер во светот на фудбалот со плата од речиси 30 милиони евра годишно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе