Вести Македонија Топ вести

Рускиот митрополит Антониј задолжен за меѓународни односи доаѓа во Скопје на средба со г.г. Стефан

Рускиот митрополит  Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил, утре ќе ја посети МПЦ-ОА. Како што објавија некои македонски и бугарски медиуми, миторполитот Антониј ќе има средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Од кабинетот на архиепископот Стефан досега нема официјална информација за доаѓањето на митрополитот Антониј. Нема најава и на сајтот на РПЦ, ниту, пак, за тоа што е целта на посетата, која се случува во време кога МПЦ-ОА го очекува томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност.

Бугарски „Фактор.бг“, повикувајќи се на црковни извори, посочува дека митрополитот Антониј доаѓа во Скопје да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со РПЦ.

Бугарските медиуми потсетуваат и дека митороплитот Антониј во декември минатата година во Софија имал „тајна“ средба со бугарскиот патријарх Неофит по која, како што посочуваат, Синдот на БПЦ одлучи да го признае томосот на СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитрија Доксевски нов директор на ИФФК „Браќа Манаки“

Дејан Дејан

Пензионерите од денеска со зголемени пензии за 2.500 денари

Дејан Дејан

Ќе се набавуваат 120 еколошки автобуси, 80 за Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе