Вести Култура

Реаудициите за уметниците се притисок, а за министерката законска обврска

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска негира дека писмото кое го испрати до пет национални установи е обид за притисок врз културните работници, кои се погласно обвинуваат дека владата сака да го поништи колективниот договор за култура.

Апсолутно не е никако поврзано со статусот на колективниот договор, тврди министерката во вечерашната Топ Тема, негирајќи исто така и дека неговата цел не била да се изврши притисок врз културните работници.

Ваквото писмо беше само едно чисто препратување на една анонимна дојава дека одредени институции немаат ниту правилници, ниту спровеле некогаш реаудиција, она што е пропишано со Законот за култура уште од 1998 година. Малку пред тоа, мислам дека имаше редовни инспекции во одредени институции, кои што се во програмата на секторот за инспекции при Министерството за култура, каде што и директорите беа опоменати дека не само што немаат спроведено реаудиција, односно не спроведуваат законска обврска, туку немаат ниту правилници, тврди министерката.

Синдикатот на култура пак тврди дека уметниците го чувствуваат како притисок, токму поради сите турбуленции околу колективниот договор.

Во моментов уметниците го чувствуваат како своевиден притисок баш заради сите турбуленции околу колективнито договор, и намалување на платите, кое што е постојана тема во изминативе години во сите институции од културата, вели претседателката на синдикатот на културата Вера Атанасовска

Синдикатот од самиот почеток жестоко се противи на воведувањето реаудиции.

Синдикатот е формиран 2015 година кога беше донесен законот каде што се вметнати реаудициите. Оценувањето како оценување постои поодамна, меѓутоа реаудицијата како што е сега е воведена со законот во 2015 година. Синдикатот на култура токму се формираше заради овој закон и заради тие реаудиции, бидејќи уметниците не прифаќаат ваков начин на оценување, реагира претседателката на синдикатот на културата Вера Атанасовска.

Атанасовски посочи дека сценско-музичките уметници пред да се вработат полагаат аудиција, имаат приправнички стаж во кој полагаат и реаудиција.

Реаудицијата како мерка на оценување, и спуштање на едно ниво на работно место, или покачување на погорно работно место, не го прифаќаат затоа што за нив секоја претстава, секоја отсвирена претстава за нив е реаудиција. И тоа може да се искористи како еден вид на оценување, не се потребни дополнителни комисии и слично, смета Атанасовска.

Запрашана зошто имало потреба од реакција ако министерството веќе преку инспекциите ја утврдило состојбата во петте инсититуции, Драмски театар, МНТ, Театар комедија, Национална опера и балет и Филхармонијата, министерката вели дека имале обврска да постапуваат врз основа на анонимната претставка.

Тоа не беше апсолутно никаков обид за нешто друго, освен за навистина да добиеме информација дали овие институции имаат правилници и дали имаат спроведено реаудиција, децина е министерката Костадиновска Стојчевска.

Министерката тврди дека правилници за спроведување реаудиции имаат само девет институции, но синдикатот реагира дека тоа е неспроведливо и преку нив не може да се донесе вистинска валоризација.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе