Култура

Почина Чарлс Симиќ- лауреат на СВП

Еден од најголемите современи светски поети, Американец со српско потекло -Чарлс Симиќ почина  во Довер, Њу Хемпшир, на 84 годишна возраст, соопштија од Струшките вечери на поезијата, чии венценосец беше Симиќ во 2017 година.

Чарлс Симиќ е роден на 9 мај 1938 година во Белград, Југославија. Во 1954 година неговото семејство емигрира во САД. Тој е еден од најисклучителните поети на денешнината. За своето дело е добитник на бројни книжевни награди, меѓу кои и Пулицеровата награда во 1990 година, меѓународната награда „Грифин“ за поезија, медалот „Роберт Фрост“, наградата „Збигњев Херберт“, наградата „Валас Стивенс“, а бил назначен како Poeta Laureatus на САД.

Неговотот поетско творештво го сочинуваат книгите: Што кажува тревата (1967); Некаде меѓу нас каменот фаќа белешки (1969); Разградување на тишината (1971); Бело (1972); Враќање на место осветлено од чаша млеко (1974); Биографија и тажаленка (1976); Харонова космологија (1977); Класични игри од балската сала (l980); Острини (1982); Временска прогноза за градот Утопија и околината (1983); Избрани песни 1963-1983 (1985), Бескрајна тага (1986), Светот не завршува (1989) Книга на богови и ѓаволи (1990); Хотел Несоница (1992); Свадба в пекол(1994); Застрашувачки играчки (1995); Прошетка со црната мачка (1996); Си ја барам бељата (1997); Jackstraws (Игра со чкорчиња) (l999); Избрани рани песни (1999); Ноќен излет (2001); Глас во 3 часот наутро: Избрани подоцнежни и нови песни (2003); Избрани песни 1963-2003 (2004); Тетка Марула сакам да ти ѕирнам под здолништето (2005); Мојата нема придружба (2005); Тоа мало нешто (2008); Шеесет песни (2008); Мајстор за преправање (2010), Избрани и нови песни 1962-2012 (2013); Лудак (2015), Чкртки во мракот (2017). Симиќ исто така објавил бројни преводи од француската, српската, хрватската, македонската и словенечката поезија, а автор е нa неколку книги есеи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Спектаклот „Валкира“ од Вагнер за првпат пред македонската публика на 52-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе