Роберто Мартинез ја напушти клупата на белгиската фудбалска репрезентација по разочарувачкиот настап на Светското првенство во Катар, каде не успеа да ја мине ниту групната фаза.
Шпанецот сега е на праг на нова работа, откако вербално се договорил со Португалската фудбалска федерација. Тој ќе го наследи Фернандо Сантош, кој исто така се повлече од селекторската функција по елиминацијата од Мароко во четвртфиналето на Мундијалот.
Мартинез шест години ја водеше Белгија, што беше негова прва селекторска работа, а претходно работеше во Англија во екипите на Свонси, Виган и Евертон.
